Ќе се дозволат свадби и во затворен простор | Правдико

Правдико

   

Ќе се дозволат свадби и во затворен простор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од 1 јули се дозволува организирање на свадби и во затворен простор, со максимум 250 гости, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донела ваква одлука.

Претходно на предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Поради пандемијата беше забрането одржување на свадби.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико