Ќе се формира трибунал за злосторствата на ОВК од 1998 до 2000 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во случај владата и парламентот на Kосово да не ја усвојат одлуката за формирање нов трибунал за судење на наводните злосторства на ОВK од 1998 до 2000 година, ЕУ подготвува друго сценарио, според кое, тој ќе треба да биде основан со одлука на Советот за безбедност на ОН, пишува дневниот весник „Трибина“.
Весникот наведува дека кон средината на јуни годинава ќе почне со работа панел од судии во Брисел. По консултациите, се очекува главниот град на Белгија да биде седиште на трибуналот за наводните злосторства што се наведуваат во извештајот на Дик Марти. Во разговорите како седиште на трибуналот се разгледуваат и Лондон и Берлин.
Kосовските институции, односно владата и Собранието, имаат можност да одлучат за основање трибунал, што ќе суди за наводните злосторства извршени од ОВK во периодот 1998-2000 година. Сепак, тешко дека владата и собранието на Kосово ќе може да усвојат една таква одлука, наведува весникот „Трибина“.
Заменик-премиерот и министер за правда во владата на Kосово Хајредин Kучи изјави дека е против такво сценарио. Сепак, весникот пишува дека ќе се искористат сите можности одлуката да се донесе со 80 гласа во косовското Собрание. По таквото сценарио, создавањето на трибуналот ќе биде слично со процедурите што се случија со создавањето на Еулекс.
Извор: Дневник