Правдико

   

Ќе се формира Заедничка платформа за отпочнување на бизнис

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Централен регистар на РМ

Со  Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица  се уредува/уредуваат едношалтерскиот систем, водењето на трговскиот регистар и на регистарот на други правни лица, регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност, регистар на казни за сторените кривични дела на правни лица од страна на Централниот регистар на Република Македонија, во писмена и електронска форма како и преземањето на водењето на трговскиот регистар, судскиот регистар, регистарот на водните заедници, регистарот на водостопанства, регистарот на здруженија и фондации и регистарот на комори од надлежните судови од страна на Централниот регистар, како и тоа дека ако со закон со кој е определено водењето на регистар не е определена постапката за водењето на тој регистар, уписот ќе се врши според правилата за постапката утврдена во Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Заради реализација на мерките за подобрување на деловното окружување согласно со препораките на Извештајот на Doing Businesss 2018, а со цел подобрување на бизнис климата во Република Македонија и повисоко рангирање во категоријата отпочнување на бизнис од Извештајот на Светската банка произлезе потребата од воспоставување на заедничка платформа за отпочнување на бизнис.

За реализацијата на заедничката платформа за отпочнување на бизнис вклучени се Централниот Регистар на Република Македонија,  Агенцијата за вработување на Република Македонија и Управата за јавни приходи. Надлежните институции ги предвидоа потребните технолошки и процесни прилагодувања, меѓутоа за целосна реализација на заедничката платформа потребни се дорегулират овие измени во Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Со цел задоволување на потребите на субјектите односно на  бизнисите кои се основаат во Република Македонија Заедничката платформа за отпочнување на бизнис преставува заедничка организациона поставеност и технолошка интеграција со стандардизирана размена на податоци помеѓу Централниот Регистар на Република Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Управата за јавни приходи.

Преку системот на Централниот Регистар на Република Македонија  за е -регистрација, подносителот кој ќе основа правен субјект ќе може

  • да ги пријави првите вработени-застапници по закон (поврзување на системот на Централниот Регистар на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија),
  • да се регистрира за целите на ДДВ на доброволна основа при иницијална регистрација (поврзување на систенот на Централниот Регистар на Република Македонија и Управата за јавни приходи).

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица содржи 6 члена.

Со членот 1 се уредува дека Централниот регистар преку едношалтерскиот систем меѓу другото врши внесување на број на обврзник за данокот на додадена вредност за субјектот на упис (број на ДДВ обврзник).

Во членот 2 се уредува начинот  на внесување на број на обврсник на данокот на додадена вредност (број на ДДВ обврзник).

Со членот 3 се менува членот 35-а од постојниот Закон со кој  се утврдуваат обврските на подносителите на пријавите за упис како лица овластени со  закон   и за регистрационите агенти, во однос на прилозите (исправите и доказите) кои изворно се составени од субјектот на упис или се издадени од надлежни органи.

Во ставот 4 се уредува дека прилозите кои изворно се составени во електронски облик кои  во име на подносителот ги поднесува регистрационен агент  и кои од него се потпишани со електронски потпис, имаат значење на оригинал.   Ставовите (5) и (6) регулираат дека подносителот од членот 34 став (2) од овој закон, прилозите кон пријавата за упис кои се составени во хартиена форма мора да ги конвертира, односно пренесе како целина во електронска форма како и кога прилозите се потпишани со електронски потпис имаат значење на заверен препис од оригиналот. “.

Со членот 4 се уредува дека жалбата како правен лек подносителот ја поднесува во рок од 15 дена од денот на приемот на решението во писмена форма, односно од денот на неговото објавување на веб старната на Централниот регистар на Република Македонија кога истото е достваено во електронска форма.

Со членот 5 се уредува обврската на министерот за економија да ги усогласи   прописите со кои поблиску се уредуваат начинот, формата и содржината  на обрасците за упис, во врска со внесувањето на број на ДДВ обврзник во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико