Ќе се градат социјални станови во Пехчево и Сарај | Правдико

Правдико

   

Ќе се градат социјални станови во Пехчево и Сарај

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави градење социјални станови во неколку општини низ Македонија.

„За оваа година договоривме динаминака за иградба на четири нови згради во Пехчево, Дебар, Сарај и Кочани“, рече Бочварски.

Станбените згради наменети за социјално ранливите категории на граѓани ќе ја чинат државата 134 милиони денари.

„Во моментов активно се градат 574 станови во седум општини, Пробиштип 48, Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16 и Гевгелија 52 станови“, рече Бочварски.

Освен овие општини, во Велес се очекува започнување на зграда со 29 станови.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико