Ќе се изготвува нов Закон за метрологија | Правдико

Правдико

   

Ќе се изготвува нов Закон за метрологија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Спроведувањето на постојниот Закон за метрологијата покажа одредени слабости и неможност да се постигнат основните цели на законите во поглед на дефинирање на консолидиран, унифициран и разбирлив пристап при спроведувањето на метролошкиот надзор.

Следејќи ги обврските детерминирани во Спогодбата за стабилизација и асоцијација и иновираното Aqie communitare, а со оглед на тоа дека основниот текст на Законот за метрологија е од 2002 година, се наметна потребата и од структурно надоградување на одредбите на постојниот закон со кој на комплексен и интегриран начин ќе се отсликаат процедурите за вршење на метролошки надзор кои би биле хармонизирано со законодавството на Европската унија.

Целта на новиот предлог закон е да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и на животната средина при дефинирање и спроведување на политиките и активностите во областа на метрологијата и – да се постигне високо ниво на заштита на потрошувачите преку мерките кои се донесени во врска со надзорот над прометот и употребата на мерилата во пазарот на Република Северна Македонија. – да се обезбеди ефикасно и ефективно давање на електронски услуги на корисниците.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 06.07.2022 – 01.09.2022

Препорачуваме

Партнери на Правдико