Правдико

   

Ќе се изготвува нов Закон за облигационите односи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за правда иницира почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за облигационите односи.

Постојниот Закон за облигационите односи е донесен во 2001 год.Со истиот за прв пат се напуштија некои концепти и решенија и се воведоа нови. Со оглед на изминатиот временски период и динамиката на промените во општествените текови и општественото живеење,но и промените во законодавството на ЕУ во одредени области се јави потребата од целосна ревизија на систематизирањето и регулирањето на облигационите односи.

За таа цел со Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 се предвиде донесување на нов Закон за облигационите односи како стратешка определба за усогласување на граѓанско правната област со европските стандарди и современите општествени текови.

Усогласување со неколку директиви и тоа: Дирек.2011/7/ЕУ за борба против задоцнето плаќање во трговските трансакции,во поглед на казнените камати, Дирек.2011/83/ЕУ за правата на потрошувачите,во поглед на правата на патниците кај договорите за организирање патување.Директ.86/653/ЕЕЗ за усогласување на правата на државите-членки во поглед на самовработените трговски застапници,Дирек.(ЕУ) 2015/2302 за пакет-аранжманите и поврзаните патнички аранжмани.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:26/09/2019 – 04/10/2019

Партнери на Правдико