Правдико

   

Ќе се изготвува нов Закон за образование на возрасните

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Имајќи предвид дека се поминати повеќе од 10 години од донесувањето на Законот за образование на возрасните, се јави потреба да се донесе нов закон за образование на возрасните.

Предложените измени во новиот закон се однесуваат пред сѐ на валидацијата на неформалното и информалното учење, но и унапредување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните, како и на улогата, целите и задачите на Центарот за образование на возрасните. Покрај тоа, со донесување на Националната рамка на квалификации, се јави потреба за усогласување на Законот за образование на возрасните со Законот за НРК.

Еден од поважните приоритети за следниот период, кој ќе биде во наш фокус, а воедно и заеднички интерес е воспоставувањето на систем за валидација на неформалното и информалното учење. Системот за валидација на неформалното и информалното учење ќе овозможи стекнување на квалификации на лицата без или со низок степен на квалификации, а преку тоа би се очекувало нивна поголема вклученост во пазарот на труд, со крајна цел намалување на стапката на невработеност во земјата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 13/11/2019 – 23/11/2019

Партнери на Правдико