Правдико

   

Ќе се изготвува нов Закон за вршење на сметководствени работи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година, а отпочна да се применува во 2016 година. Во меѓувреме беа направени повеќе измени при што беа избришани одредбите со кои се предвидуваше задолжително полагање на испит за влез во професијата.

Businessman working in the office

Со тоа се отстапи суштината поради која беше донесен Законот-подигање на стручноста и професионалноста на сметководителите. Постојниот Закон предвидува задолжителна посета на обуки организирани од страна на Институтот. Законот не дава можност за признавање и на други форми на усовршување како што се учество на конгреси и симпозиуми, држење на стручни предавања, објавување трудови и менторства.

Ваквиот концепт отстапува од најдобрите меѓународни практики. Со постојниот Закон е предвидено сите сметководители/овластени сметководители да се членови на Институтот. Во Собранието членството го претставуваат 50 лица. Оваа бројка не е доволна за да ги одрази интересите и потребите на над 8.700 сметководители и овластени сметководители.

Во предлог законот ќе се воведува одржување на електронски седници на Собранието на Институтот што ќе овозможи транспарентност и инклузивност во донесувањето одлуки. Заради подигање на квалитетот на професијата, се воведува влезен испит со можност за ослободување од полагање на одредени испити во зависност од претходно стекнатото образование. Се овозможува влез во професијата веднаш по завршување на формалното образование и се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување (се признава учество на симпозиуми, конгреси,стручни предавања,менторство и сл.)

Временската рамка за изготвување на предлог законот:10/09/2018 – 10/10/2018

Партнери на Правдико