Правдико

   

Ќе се изготвува нов Закон за здравствената заштита

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за здравствената заштита („Службен весник на РМ” бр. 43/12… 20/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19, 153/19 и 180/19) се уредуваат системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, правата и обврските на здравствените работници и соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на дејноста во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Текстот на Законот е менуван и дополнуван седумнаесет пати, поради што присутна е неконзистентност во уредувањето на одредени прашања, а дополнително е обременет со одредби кои се предмет на уредување на подзаконски акти и содржи одредби кои не се спроведени во пракса.

Целта е да се воспостави конзистентност на одредбите за системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:12/12/2019 – 20/12/2019

Партнери на Правдико