Правдико

   

Ќе се изготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и од член 53 став 3 точката 2 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/10 и 100/12), каде што е пропишано дека во согласност со посебните прописи жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишан со посебен закон, доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот.

Целта на Законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на правата на жртвите од кривични дела.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 16/09/2019 – 31/10/2019

Партнери на Правдико