Ќе се менува Законот за користење на податоците од јавниот сектор | Правдико

Правдико

   

Ќе се менува Законот за користење на податоците од јавниот сектор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно досегашната искуство од спроведување на законот, Стратегијата за отворени податоци 2018-2020, управувањето со порталот за отворени податоци и новините кои се воведуваат со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор од 20 јуни 2019 (2019/1024) потребно е да изврши доуредување на оваа материја.

Со анализите кои ќе претходат на измените и дополнувањата на постојното законско решение очекувано е да се адресираат и изнајдат соодветни решенија на проблемите како што се отсуството на класификација за податоци кои се однесуваат на транспортот и јавните услуги и категоризација според фреквентноста и пропишаните механизми за преземање на истите, отсуство на дефиниција на податоци од висока важност како што се статистичките и географските податоци, инспекциски надзор за контрола на спроведувањето на законот развивање нови иновативни сервиси од отворените податоци.

Целта со предлог измените е унапредување на правна, организациска и техничка основа врз која ќе се олесни и забрза процесот на отворање на податоците на државните институции, а засегнатите страни ќе бидат поддржани да ги користат отворените податоци за да креираат нови вредности за општеството во целина.

Препорачуваме

Партнери на Правдико