Ќе се изработува нов закон за материјално обезбедување на стечајците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерство за труд и социјална политика подготвува текст на Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1 јануари 1993 до 3о јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата.
Материјално ќе се обезбедат лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години (жена), односно 55 години ( маж), како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.
Временската рамка за изготвување на предлог законот: 29/07/2019 – 25/08/2019