Правдико

   

Ќе се кофинансираат трошоците за организирање на настани, обуки, семинари и конференции

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата вчерашната владина седница усвоени се измени и дополнувања на програмата за развој на туризмот за 2020 година со програма за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за оваа година.

Согласно овие измени, Владата, преку Министерството за економија, со цел поддршка на домашните хотели и надминување на ефектите од корона кризата, а со цел ревитализацијата и опоравување на економијата во земјата, ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Настаните обуките, семинарите и конференциите треба да бидат организирани во категоризирани угостителски објекти во Република Северна Македонија.

За оваа цел, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците за организирање на настани, обуки, семинари, и конференции на кој право на учество имаат сите заинтересирани правни лица, фондации и здружениjа на граѓани, кои ги исполнуваат условите што ќе се предвидат во јавниот повик.

Јавниот повик ќе се објави во два дневни весници и веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk.

Партнери на Правдико