Ќе се менува Законот за акцизите | Правдико

Правдико

   

Ќе се менува Законот за акцизите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка се врши усогласување со одредени одредби од Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, број 86/2020, 105/2020, 125/2020 и 169/2020) со цел да се продолжи со примена на новиот начин на пресметување на акцизата за одредени енергенти во зависност од движењето на малопродажната цена на соодветниот енергент на светските берзи и истовремено ќе се овозможи и понатаму да се користи и механизамот кој овозможува постепено враќање на постојните износи на акциза во услови на нормализирање на цените на пазарот на нафтени деривати,  а кои се веќе воспоставени со донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, број 86/2020, 105/2020, 125/2020 и 169/2020).

Притоа Уредбата се применуваше за време на траењето на вонредната состојба и се применува и седум месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба.

Исто така, со изедначувањето на акцизата на гасното масло за греење со акцизата на гасното масло кое се користи како погонско гориво и понатаму ќе се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Воедно, ќе продолжи и примената на одредбите кои се однесуваат на враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата и обележаното гасно масло употребено во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата.

Имено, со измените и дополнувањата на Законот за акцизите се предлагаат одредби со кои се пропишува износот и пресметката на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00 и за гасно масло како погонско гориво и како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00.

Истовремено, се предлага пропишување на одредби за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата и обележаното гасно масло употребено во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, како и начинот и постапката за остварување на правото за враќање на  дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата или употребено во процес на производство.

Исто така, се предлагаат одредби со кои се пропишува исклучок од исполнувањето на обврските кои се пропишани во член 104 став (2) од Законот за акцизите, односно обврските нема да се однесуваат на безоловниот бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар и на гасното масло како погонско гориво и како гориво за греење.

Дополнително, со предложените измени и дополнувања се предлагаат одредби кои имаат за цел доработување, појаснување и прецизирање на одредбите од Законот за акцизите.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико