Правдико

   

Ќе се менува Законот за банките

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според Законот за банките, Управата за јавни приходи може да има увид во податоците и информациите со кои располагаат банките, само врз основа на писмено барање кое се поднесува за секое поединечно физичко лице. Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник.

Заради поедноставување на постапката, Управата за јавни приходи има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Дополнително, Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните, заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:15/04/2018 – 15/05/2018

Партнери на Правдико