Правдико

   

Ќе се менува Законот за финансиската полиција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција се врши усогласување со Законот за кривична постапка во делот на класификацијата на работни места на овластените службени лица во УФП како и усогласување на статусот на финансиските полицајци со овластените службени лица вработени во МВР.

Се врши усогласување со Законот за класифицирани информации во делот на обезбедување заштита од безбедносен ризик. Поради обезбедување независност и ефикасност на УФП потребно е да се зголемат и зајакнат надлежностите на директорот.

Целта е воведување нова категорија В на работни места согласно член 161 став 4 од Законот за кривична постапка -усогласување на статусот на финансиските полицајци со овластените службени лица вработени во МВР -зголемување и зајакнување на надлежностите на директорот на УФП -дополнување на условите за вработување во правец на обезбедување заштита од безбедносен ризик и -обезбедување непристрасност и објективност во постапувањето во случаите кога постои сомнение дека се сторени кривични дела од страна на лицата со полициски овластувања.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 18/06/2018 – 18/07/2018

Партнери на Правдико