Ќе се менува Законот за општа управна постапка | Правдико

Правдико

   

Ќе се менува Законот за општа управна постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Анализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми.Сеуште не е воспоставена воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон одредбите согласно кои јавниот орган треба да определи овластени лица за водење на управната постапка.

Измените и дополнувањата се во насока на допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка,а опфатени се и запирањето на постапката, огласувањето на управен акт за ништовен и се вршат и номотехнички подобрувања на текстот.

Предложените измени и дополнувања се во насока и на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација.Концептот е-Влада обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со бизнис секторот и со граѓаните. За целосно имплементирање на процесите за дигитализација, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.

Измени и дополнувања на Законот за управната постапка со цел допрецизирање на определние одредби и усогласување со процесита на дигитализација.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 15.09.2021 – 30.11.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико