Правдико

   

Ќе се менува Законот за општа управна постапка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Досегашната примена на Законот за општа управна постапка покажа дека не е воспоставен систем на воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, постои висок процент на јавни органи кои од објективни причини (недостаток на правници) не можат да определат овластени лица за водење на управната постапка и воопшто не функционира или во многу мал процент функционира комуникацијата меѓу јавните органи во задолжителната електронска форма.

Оттука, измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка се во насока на негово допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка. Се вршат измени и во однос на запирањето на постапката и огласувањето на управен акт за ништовен. Исто така, предложжените измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка имаат за цел и негово усогласување со прописите од областа на електронското работење.

Измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка се во насока на негово допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка. Се вршат измени и во однос на запирањето на постапката и огласувањето на управен акт за ништовен. Исто така, предложжените измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка имаат за цел и негово усогласување со прописите од областа на електронското работење.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/07/2019 – 22/07/2019

Партнери на Правдико