Ќе се менува Законот за судскиот буџет | Правдико

Правдико

   

Ќе се менува Законот за судскиот буџет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Финансирањето на судството е една од основните ппретпоставки за неговата независност. Токму затоа, во 2003 година беше донесен Законот за судскиот буџет во кој е уредена материјата за финансирање на судската власт во сите нејзини аспекти, почнувајќи од планирањето, преку постапката за донесување на буџетот, па се до неговото извршување.

За таа цел беше востановен Судскиот буџетски совет составен од претставници на судството со надлежности во сферата на судскиот буџет. Со донесувањето и примената на наведениот закон значително се зајакна независноста на судството во овој негов сегмент. Во текот на примената на законот беа лоцирани одредени недостаоци кои ќе бидат отстранети со овие измени и дополнувања.

Донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за зајакнување на независноста на судствто и воедно ќе се отстранат лоцираните слабости во десегашната примена на законот. Активноста се реализира во помош од Проектот за поддршка на судските реформи преку ИПА фондот.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 10.05.2021 – 30.06.2021

Партнери на Правдико