Ќе се намалува чланарина на проценителите | Правдико

Правдико

   

Ќе се намалува чланарина на проценителите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieЗаконот за процена се донесе во 2010 година и со него за прв пат на законски основ се уреди системот на процена. До сега во неколку наврати истиот беше изменуван и дополнуван заради доуредување и допрецизирање на одредби од законот. Изменувањето кое се предлага е со цел намалување на висината на годишната чланарина која проценувачите задолжително ја плаќаат, а нејзиното не плаќање е основ за одземање на лиценца.

Од причина што обемот на извршени процени на ниво на држава е низок, Комората на проценувачите побара измена на одредбата од Законот за процена, а со цел да им се овозможи на проценувачите да ги задржат лиценците за процена од причина што досегашниот износ од една просечна месечна бруто плата исплатена во Република Македонија по проценувач се оцени дека е превисок износ.

Во насока на горенаведено, се оцени за потребно да се предложи донесувањето на овој закон. Текстот на Законот беше на мислење на надлежните институции.

Предлог-законот содржи 3 члена со кои се намалува висината на годишната чланарина и истата ја утврдува Собранието на проценувачи и не може да биде помала од три илјади денари.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико