Правдико

   

Ќе се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради потребата од прецизирање и појаснување на одредени одредби, се предлагаат измени и дополнувања во Законот за данокот на додадена вредност. Исто така, се врши и усогласување на одредбите со царинските прописи и со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години.

Исто така, се врши усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:14/01/2019 – 07/02/2019

Партнери на Правдико