Ќе се намалува цената на државното градежно земјиште | Правдико

Правдико

   

Ќе се намалува цената на државното градежно земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, Владата на вчерашната седница донесе одлука за изменување на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп.

„Со предложените измени се врши намалување на висината на цената по кои се отуѓува градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за А3 – групно домување за реон 5 и реон 6, и истата ќе изнесува 70 денари, за разлика од досегашните цени, кои за овие реони изнесуваа од 1.600 до 400 денари за населено и воннаселено место, во различни општини“, соопшти Владата.

Целта на ова намалување на цената на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија е да се стимулира изградбата на објекти за групно домување, со социјална компонента како што се домови за пензионери, градинки, ученички и студентски домови и слично.

Извор: Макфакс

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико