Ќе се одлага реализацијата на мерките за одличен и слаб ефект кај обвинителите | Правдико

Правдико

   

Ќе се одлага реализацијата на мерките за одличен и слаб ефект кај обвинителите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieСо Законот за јавнообвинителска служба („Службен весник на Република Македонија“бр.62/15), кој е донесен во април 2015 година уредени се правата, обврските и одговорностите на јавнообвинителските службеници. Во Главата II од Законот е уредена класификацијата на работните места на јавнообвинителските службеници и условите кои теба да се исплнат за секоја од категориите.

Со предложените измени се врши бришење на сертификатот Аптис, којшто можеше да се приложи како услов за познавање странски јазик. Во Главата XI уредено е управувањето со ефектот на јавнообвинителските службеници, односно уредена е постапката на оценувње на јавнообвинителските службеници. Со предложениот закон се одлага реализацијата на мерките за одличен и слаб ефект. Ова од причина што Законот за јавнообвинителска служба е донесен во април 2015 година со што е оневозможено да се спроведат сите фази од постапката за оценување во законски утврдените рокови. Со оглед на тоа, со измените и дополнувањата се одложува изрекувањето на мерките.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико