Ќе се одлага запишувањето на категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ во возачката дозвола | Правдико

Правдико

   

Ќе се одлага запишувањето на категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ во возачката дозвола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18 и 83/18) се уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќајот на патиштата, системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата, должностите во случај на сообраќајна незгода, кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центари и возачки дозволи, оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца, посебните мерки на безбедност, организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата, евиденциите и заштитата на податоците, прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Согласно член 92 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/18), наведено е дека одредбите од член 405 нема да се применуваат до 1 јануари 2019 година, кога треба да започне запишувањето на категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ во возачка дозвола.

На граѓаните кои имаат положено возачки испит за категориите „АМ“, „А2“ и „Т“ до 1 јануари 2019 година, Министерството за внатрешни работи ќе издава потврда за положен возачки испит со право за управување возило во сообраќајот за овие категории.

Потврдата за положен возачки испит со право за управување возило во сообраќајот за категориите „АМ“, „А2“ и „Т“, се издава со важност до 1 јануари 2019 година.

Министерството за внатрешни работи по извршена анализа утврди неможност за спроведување на предметниот член поради непостоењето на технички предуслови за имплементација на наведените одредби, за што е потребна одложна примена на членот 92 ставови (1), (2) и (3) од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/18) од 1 јануари 2021 година.

Предлог измените на законот можете да ги погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико