Правдико

   

Ќе се ограничува годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за финансии започна со изготвување на предлог измени во Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

 

Како главен проблем кој ќе биде опфатен во предлог измените е тоа дека давателите на потрошувачки кредити на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

Со цел граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 26/07/2018 – 26/08/2018

Препорачуваме

Партнери на Правдико