Ќе се олеснуваат постапките за виза, работно дзовола и дозвола за престој на странците | Правдико

Правдико

   

Ќе се олеснуваат постапките за виза, работно дзовола и дозвола за престој на странците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieВо легислативата на Република Македонија со Законот за странците  се уредуваат условите за влез, напуштање и престој на странците во Република Македонија, како и нивните права и должности, а со Законот за вработување и работа на странци  се уредуваат условите и постапката под кои странците можат да се вработуваат или да работат во Република Македонија, освен ако со меѓународен договор поинаку не е утврдено.

Со Предлогот – законот за изменување и дополнување на Законот за странците се поедноставува постапките за издавање визи и дозволи за привремен престој во насока на посредување на надворешни даватели на услуги во прибирање на барањата за визи и барањата за издавање дозволи за привремен престој во сите земји во кои Република Македонија нема дипломатско-конзуларни претставништва.

Исто така, со Предлогот на законот се надминува проблемот со комлексноста и времетраењето на постапките за добивање работна дозвола и дозвола за престој заради вработување, работа или вршење самостојна дејност, кои се во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, на начин што се пропишува издавање дозвола за привремен престој заради работа која претставува единствена дозвола за работа и престој на странецот на кој му се издава. Таквата дозвола во основа ги интегрира постоечките дозвола за работа и дозвола за привремен престој заради вработување, работа или вршење самостојна дејност.

При тоа, од суштинско значење е фактот што Министерството за внатрешни работи е единствен надлежен орган за издавање на оваа дозвола, по претходно добиено позитивно мислење од Агенцијата за вработување на Република Македонија, со што странецот добива единствена дозвола по поднесување на единствено барање, пред единствен орган.

Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе мора да го издаде мислењето во рок од 5 дена, а во случај доколку не одлучи во наведениот рок, ќе се смета дека мислењето е позитивно и дозволата за привремен престој заради работа ќе важи за период кој странецот го навел во барањето, но не подолго од една година. Со Предлогот на законот се пропишува и „сместување во установи за сместување на стари лица“ како основ за издавање на дозвола за привремен престој, како и условите и времетраењето на оваа дозвола.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико