Ќе се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Законот за организација и работа на органите на државната управа се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа, кои како дел од изршната власт, се основаат во областите и подрачјата кои се од значење за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.
Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Со оваа измена се овозможува и реорганизација, унапредување и дефинирање на надлежностите и работата на повеќе органи на државната управа и на Владата на Република Северна Македонија, кои во своите надлежности извршуваат работи кои се однесуваат на политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Македонија, во едно ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Целта на овој Предлог на закон е да се унапреди функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА