Ќе се отстрануваат непрописно поставените паркинг-блокатори и рампи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Општина Центар и Министерството за внатрешни работи ќе почне акција за отстранување на сите непрописно поставени паркинг-блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.
ЈП ПОЦ ги известува сите граѓани кои имаат непрописно поставени паркинг-блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ да ги отстранат во најкус можен рок, во спротивно истите ќе бидат отстранети од страна на службите на Општина Центар и МВР, а за непрописното поставување ќе следат и соодветни санкции.
Од ЈП ПОЦ соопштија дека акцијата се спроведува со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се обезбеди подеднаков пристап за сите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини на територија на општина Центар.
Извор: Макфакс