Ќе се отвара можност кредитно биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Закон за кредитно биро, кредитно биро може да изготвува извештаи за состојбата на обврските на правни и физички лица, но не може да изготвува извештаи за нивната кредитната способност што е вообичаена активност на кредитните бироа во меѓународни рамки.
Поради тоа, се предлага да се даде можност кредитното биро да изготвува извештаи за кредитната способност на кредитобарателите. Воведувањето на оваа услуга ќе резултира со предности за кредиторите и кредитокорисниците.
Донесувањето на Предлогот на закон е со цел воведување на извештај за кредитна способност на кредитобарателите. Воведувањето на оваа услуга ќе резултира со предности за кредиторите и кредитокорисниците. Извештајот за кредитната способност ќе им овозможи на кредиторите да го подобрат кредитното портфолио, да ги намалат трошоците од работењето и значително ќе го намали времето потребно за одобрување на кредити. Истовремено, извештајот на кредитобарателите ќе им даде јасна слика за нивната кредитна способност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот: 24/01/2018 – 13/02/2018