Правдико

   

Ќе се подготвува нов Закон за медијација

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сложениот и несоодветен испит за медијатори влијаеше на малиот број на лиценцирани медијатори, поради што доцнеше и процесот на формирањето на Комората на лиценцираните медијатори.

Couple divorcing

Одборот за медијација имаше проблем во неговата функционалност и извршување на обврските и надлежностите утврдени со законот. Медијацијата не е доволно промовирана и унапредена иако заради развојот и подршка на медијацијата во законот е предвидено дека Владата на РМ донесува Програма со мерки и средства за поддршка на медијацијата за период од најмалку 4 години, а посебни програми донесуваат и Судскиот совет на РМ и Врховниот суд на РМ , додека пак Алкадемијата за судии и обвинители е пасивна за организирање обуки за медијацијата и арбитражата.

Целта е биде уредување на подрачјето на примена на медијацијата, воведување на основни поими, уредување на начелата и постапката за медијација, пропишување медијација во прекугранични спорови, регулирање на трошоците и наградата на медијаторите, уредување на подршката и развојот на медијацијата, дефинирање на постапката за спроведување испит за медијатори, подобрување на организацијата на Комората на медијатори , уредување на постапката за добивање на лиценца и важноста на лиценцата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:01/06/2018 – 31/07/2018

Партнери на Правдико