Ќе се поедноставува постапката за полагање на ловечкиот испит | Правдико

Правдико

   

Ќе се поедноставува постапката за полагање на ловечкиот испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со постоечкиот закон за ловството, почнувајќи со член 58, па исто така 58-а до 58-т, од 2013 година се имплементира процес на спроведување на ловечкит испит кој со електронски начин на полагање, во просек испитот го положиле околу 600 кандидати годишно, а треба да се име предвид дека засега 1300 кандидати се пријавиле и чекаат дури 1,5-2 години да полагаат во наредниот период. Потребно е поедноставување на процедурата за полагање на испит.

Предложените изменувања и дополнувања на Законот за ловството имаат за цел подобрена и поедноставена постапка за полагање на ловечкиот испит, како најефикасен и најбрз начин за полагање и евентуално добивање на уверение за положен ловечки испит, а истовремено се добиваат основни познавања за законската регулатива и за основните принципи за заштита и одржливо користење на дивата фауна. И најважно, се подобрува квалитетот на услугите и задоволството на граѓаните (апликанти за полагање на испитот) од работењето на администрацијата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:10/11/2017 – 30/11/2017

Препорачуваме

Партнери на Правдико