Ќе се продлабочува македонско-унгарска соработка во форензиката и борбата против корупцијата | Правдико

Правдико

   

Ќе се продлабочува македонско-унгарска соработка во форензиката и борбата против корупцијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

Амбасадорот му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ги потенцира одличните односи меѓу двете земји и решеноста на Унгарија да  ѝ помогне на Република Македонија. Во тој правец е и поддршката за македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент унгарски полицајци на јужната граница, кои ѝ  помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите. Во моментов на јужната граница има 30 унгарски полицајци кои таму треба да останат до октомври, а Република Унгарија е подготвена оваа соработка да продолжи и во иднина .

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Унгарија и изрази уверување дека таа во иднина  ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцира решеноста за спроведување реформи во македонската полиција, за што од голема полза ќе биде и помошта од пријателските земји каква што е Република Унгарија. Крајната цел на реформите, потенцира Спасовски, е полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.

Министерот Спасовски упати благодарност до Република Унгарија за помошта при чувањето на јужната граница и го информира амбасадорот дека се формирани работни групи за преговори со ФРОНТЕКС за заштита на границата, но ќе биде потребно време дури се завршат тие преговори, па затоа очекуваме полициските службеници од оваа пријателска држава да останат во Република Македонија и по октомври.

Министерот Спасовски и амбасадорот Ласло Иштван Дукс се согласија дека постојат можности и за интензивирање на соработката, особено во областа на форензиката и борбата против корупцијата, а во таа насока е и потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу нашиот Центар за обука и Полициското училиште  за спроведување на закон од Сегедин. Амбасадорот на Република Унгарија ја пренесе и поканата од унгарската полиција за посета на претставници на македонската полиција со цел размена на искуства во борбата против корупцијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико