Ќе се продолжува рокот за легализација на возила од категориите О1, О2 и L како и за мобилни машини, мотокултиватори, приколки за домување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ број 140/2008, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/19, 161/19, 102/20 и 308/20), се утврдуваат условите за пуштање на пазар и почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и правните лица за регистрација и регистарот на податоци за возилата.
Согласно постојната регулатива односно законските прописи за да се пушти возило во сообраќај на патиштата во Републиката неопходна е регистрација на истото, која постапка зависи од проверката на техничката исправност на возилото.
Проверката на техничката исправност на возилата, односно техничкиот преглед на сите уреди, мерење на издувните гасови од моторите на возилата и други проверки се врши во станиците за технички преглед. Со цел да се обезбеди основ за утврдувањето на сопственичкиот статус и да се изврши легализација на мобилни машини, мотокултиватори, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L како моторни возила со специфична намена во земјоделството, кои не ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот на патиштата со Законот за изменување и дополнување на Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ брoj 39/16) беа предвидени поповолни услови за технички преглед и регистрација на овие возила, која одредба како новина траеше до декември 2017 година односно процесот за утврдување на сопственички статус согласно овој закон требаше да заврши до 2017 година.
Имајќи во предвид дека постојат тековни предмети за постапките за утврдување на сопственички статус како и лица на кои не им е утвредена сопственоста на возилата заради не поднесување на барање за легализација на трактори, тракторски приколки и на мобилни машини, мотокултиватори, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L. во претходно предвидените законски рокови и податоците дека дел од овие постапки се наоѓаат во фаза на жалбена постапка или во постапка пред судовите, потребно е ново законско продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација.
Токму од оваа потреба заради заштита на правата на граѓаните и оневозможување на создавање на правна празнина и правна несигурност во оваа област и заради неможност за решавање на овие започнати постапки, со ова законско дополнување се уредува уште еден законски дополнителен рок за овие граѓани како и за останатите кои не поднеле барање за легализација, ќе имаат можност во законскиот рок предвиден во овој предлог истото да го реализират и да се затвори правно ова прашање кое како незавршена состојба постои во државата.
Предлог измените можете да ги погледнете ТУКА