Ќе се проширува листата на градби за кои не се издава одобрение за градење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Законот за градење утврдени се видовите на урбана опрема, начинот на поставување на истата, градбите за кои не се издава одобрение за градење односно се издава решение согласно член 73 од законот, како и посебните случаи на изградба.
Причина за предлог измената на законот е доуредување на постапката за поставување на урбана опрема-рекламни и информативни паноа, предвидување на одредени видови на градби како градби за кои се издава решение согласно членот 74 од законот и пропишување на постапка за формирање на одлагалиште на земјиште при изградба на патишта.
Со предлог измената се предвидува за урбаната опрема – информативни и рекламни паноа со површина над 30 м2, кои се електронски, со конструктивни елементи и кои се поставуваат на јавни површини, да се издава решение согласно членот 74 од Законот.
Имајќи во предвид дека се работи за покомплексен вид на урбана опрема потребно е да се разграничи и постапката за поставување на истите при што се предвидува за овој вид на урбана опрема да се издава решение согласно членот 73, кој се применува за градби за кои не се издава одобрение за градење. Исто така како градби за кои се издава решение согласно членот 74 од законот се предвидуваат и плажи со придружни објекти кои се градат на копнена и на водена површина во рамки на простор предвиден за плажа, пешачки патеки и подземни бунари со линиски системи кои се во фукција на бунарите од причина што се работи за специфичен вид на објекти и за чија изградба потребно е да се предвиди посебна постапка и посебна документација.
Со предлог законот како посебен случај на изградба се предвидува и изградба на одлагалиште на земјиште, кое ќе се користи при изградба на државен и општински пат, при што се пропишува начинот и постапката за формирање на одлагалиште на земјиште
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА