Ќе се разгледува можноста да се субвенционира поставувањето фотонапонски панели за граѓаните да продаваат струја | Правдико

Правдико

   

Ќе се разгледува можноста да се субвенционира поставувањето фотонапонски панели за граѓаните да продаваат струја

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за економија за „Макфакс“ потврди дека по донесувањето на Законот за енергетиката и подзаконските акти, ќе се разгледува можноста за субвенционирање на поставувањето фотонапонски панели за граѓаните и домаќинствата. Оттаму потврдија дека начинот за приклучување, користење и пристап на електродистрибутивниот систем од корисниците што произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија ќе бидат уредени со мрежните правила за дистибуција. Тие правила, според објаснувањето од Министерството, ќе треба да се донесат во рок од една година од денот на стапувањето во сила на Законот за енергетиката.

„Со ова им се дава можност на граѓаните да инсталираат соодвени панели во своите домаќинства и да произведуваат електрична енергија за свои потреби, со што се придонесува за унапредување на енергетската ефиксност и искористувањето на обвновливите извори на енергија во домаќинствата, со оглед на тоа што сè уште во голем дел од домаќинствата во РМ електричната енергија се користи за затоплување. Најголемата корист од оваа мерка е за потрошувачите бидејќи со инсталирањето во домаќинствата се намалуваат трошоците на домаќинството за електрична енергија“, велат од Министерството за „Макфакс“.

На прашањето дали државата преку Министерството за економија и Владата размислува за воведување евентуални бенефиции за граѓаните што би се одлучиле за поставување вакви панели, од Министерството одговорија дека во третиот акционен план за енергетска ефикасност за периодот од 2016 до 2018 година се предвидени и мерки за резиденцијалниот сектор во кои се дава примат на поставување поширока примена на термални сончеви колектори и пумпи за греење и користење ефикасни печки на дрва, односно замена на старите печки на дрва со нови печки на пелети.

За целите на преносот на законодавството на ЕУ и изготвување нацрт-текст на закон за енергетика Министерството за економија формира работна група и работни подгрупи за пазар на електрична енергија, пазар на природен гас, пазар на топлинска енергија и пазар на нафта и нафтени деривати, како и обновливи извори на енергија, во кои беа вклучени претставници од надлежните министерства и институции и вршителите на енергетските дејности, кои дадоа придонес во изготвувањето на одредбите на законот.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико