Ќе се ревидираат дисциплинските процедури во МВР | Правдико

Правдико

   

Ќе се ревидираат дисциплинските процедури во МВР

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на законот во согласност со препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, вклучувајќи и дел од обврските за Министерството за внатрешни работи содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024), на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.

Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи доследно имплементирање на препораките од Извештајот на ГРЕКО и ревидирање на дисциплинските процедури во Министерството за внатрешни работи.

Партнери на Правдико