Ќе се тестираат 500 затвореници и вработени во затворот во Шутка, затворениците фрлале пластични чинии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Околу 500 луѓе ќе бидат тестирани за коронавирус во истражниот затвор во Шуто Оризари откако вирусот посмртно беше дијагностициран кај затвореник кој почина во средата.
Извори од затворот за „Макфакс“ велат дека ќе се тестираат сите затвореници, притвореници, но и сите вработени. Министерството за здравство утрово извести дека вчера брисеви биле земени од 30 луѓе кои биле во контакт со заболениот, а директорот на затворот, Есад Рахиќ, кусо ни изјави дека и во моментов имаат медицински екипи кои земаат брисеви.
„Во тек е тестирањето. За исходот ќе подготвивме детална информација до крајот на денов или во понеделник“, рече директорот Рахиќ.
Тој потврди дека група затвореници имала обид да направи инцидент.
„Затвореници од едно одделение ги фрлаа пластичните чинии надвор. Водени од идејата дека може да бидат пуштени на слобода поради коронавирусот, се обидоа да направат инцидент, но ги смиривме. Одделението е изолирано и сега состојбата е мирна. Посветени сме на тестирањето од утрово“, вели директорот Рахиќ.
Во КПУ „Затвор Скопје“ во моментот има 360 затворени и притвореници, а заедно со вработените бројката е околу 500 луѓе.
Извор: Макфакс