Ќе се унапредува полицската соработка меѓу Македонија и Грција | Правдико

Правдико

   

Ќе се унапредува полицската соработка меѓу Македонија и Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ќе се унапредува полицската соработка меѓу Македонија и Грција. Ова е еден од заклучоците донесени на третата по ред четирипартитна средба на министри за надворешни работи, за внатрешни работи и за транаспорт од Република Македонија, Република Албанија, Република Грција и Република Бугарија.

Министерството за внатрешни работи беше претставувано од страна на државниот секретар, Магдалена Несторовска, која присуствуваше на посебна средба на министрите за внатрешни работи на земјите застапени во овој формат.

„На средбата беа утврдени неколку заклучоци и натамошни активности, меѓу кои: потенцирана е потребата од заеднички обуки на припадници од МВР од сите домени на полициското работење, договорено е развивање на заеднички проекти за прекугранична соработка кои би биле финансирани со фондови на Европската Унија, потоа интензивирање на напорите за формално етаблирање на размената на информации преку воспоставување заеднички контакт-центар за полициска соработка меѓу Република Македонија и Република Грција“, соопшти МВР.

Меѓу другото, станало збор и за унапредување на соработката во делот на цивилната заштита, при што била потенцирана потребата од регионална соработка во поглед на превенција и заштита од пожари на отворени простори.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико