Ќе се унапредуваат правата на лицата со попреченост | Правдико

Правдико

   

Ќе се унапредуваат правата на лицата со попреченост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата размислува да вработи дополнителен број социјални работници за повеќе центри за социјална работа во Македонија. На вчерашната седницата беше разгледан и утврден исто така предлог-законот за измени и дополнување на Законот за социјалната заштита за кој беше констатирано дека предвидува значително унапредување на правата на лицата со попреченост и беше заклучено дека Владата треба да го предложи овој предлог за измени и дополнувања на усвојување во Собранието на Македонија.

Исто така, беше разгледан и утврден и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, со кој се предвидува продолжување на додатокот за деца со посебни потреби по службена должност.

Владата ја разгледа и усвои и информацијата за можноста за вршење периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници од Министерството за здравство на корисниците во дневните центри за деца и лица со пречки во развојот. На овој начин полесно ќе се утврди нивната здравствена состојба. За таа цел беше задолжено Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да иницира работна група со Министерството за здравство, која ќе работи на реализација на оваа активност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико