Ќе се воведува електронски систем за следење акцизни добра | Правдико

Правдико

   

Ќе се воведува електронски систем за следење акцизни добра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешната седница Владата ја разгледа информацијата и донесе одлука за почнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за воспоставување електронски систем за следење акцизни добра.

Со оваа одлука се задолжени Канцеларијата на претседателот на Владата, Генералниот секретаријат на Владата, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Министерството за финансии, Царинската управа, Управата за јавни приходи и сите други министерства, агенции и инспекторати, вклучително и соодветните комори, во рок од три дена да номинираат по еден член и заменик-член во Комисијата, која во рок од 60 дена до Владата треба да достави предлог-правни акти (законски и подзаконски) за функционирање на електронскиот систем за следење акцизни добра (track and trace), како и за постапката за воспоставување јавно-приватно партнерство.

Во согласност со информацијата, управувањето со овој систем е целосно во надлежност на Царинската управа, со цел да се обезбедат услуги во насока на дизајнирање, финансирање, управување и одржување интегриран систем за управување, мониторирање и следење на акцизните добра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико