Правдико

   

Ќе се воведува испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Businessman working in the office

Businessman working in the office

Со Законот за вршење на сметководствени работи како услов за вршење на професијата сметководител и овластен сметководител се воведе задолжително полагање на т.н. влезен испит.

Наспроти ваквите законски решенија, меѓународната пракса од областа на сметководството покажува дека статусот сметководител пред се се стекнува со искуство во вршење на професијата, континуирано надоградување и усовршување преку стручни обуки.

Поради тоа, се предлагаат измени на Законот за вршење на сметководствени работи со кои, наместо преку влезен испит во професијата, квалитетното и стручно извршување на професијата сметководител ќе се обезбеди преку континуирано усовршување и проверка на стекнатите знаења.

Со измените на Законот за вршење на сметководствени работи се врши спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител/овластен сметководител, наместо спроведување на стручен испит на стекнување на статус сметководител/овластен сметководител.

Со членот 19-а се уредува дека испитот најмалку еднаш годишно го организира Институтот, а го спроведува Комисијата за спроведување на испитот. Комисијата е составена од: две лица предложени од министерот за финансии, универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран од Институтот по пат на јавен оглас, од претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот.

Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално усовршување. Испитот ќе се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени. Со членот 19-б се уредува дека сметководителот односно овластениот сметководител кој нема да го положи испитот за проверка на знаењето се брише од регистарот во кој е запишан.

Доколку сметководителот односно овластениот сметководител го положи испитот во следните две години, може да поднесе барање за повторно запишување во соодветниот регистар, во спротивно Институтот го одзема уверението на сметководител односно овластен сметководител, а лицето не може да поднесе барање за добивање уверение во следните три години.

Целосниот текс на предлог измените превземете ги ТУКА

Партнери на Правдико