Ќе се воведува мерит процедура за селекција на членови на управните и на надзорните одбори во јавните претпријатија | Правдико

Правдико

   

Ќе се воведува мерит процедура за селекција на членови на управните и на надзорните одбори во јавните претпријатија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на општината и во име на градот Скопје Советот на градот Скопје. Органи на јавното претпријатие се: – Управен одбор, – Директор и – Надзорен одбор. Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет, а најмногу 15 членови.

Законот за јавните претпријатија ја регулира работата и делувањето на јавните претпријатија. Законот содржи услови за назначување на членови на управни одбори, директори и членови на надзорни одбори. Сепак условите за назначување на членови на управни и надзорни одбори се премногу општи и не се поврзани со самата надлежност на јавното претпријатие. Во однос на назначувањето на овие лица, недостасува мерит процедура, односно не е регулирана постапка за избор на најдобар кандидат, во случаи кога има повеќе кандидати за една позиција.

Целта на овие измени на Законот за јавните претпријатија е да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните претпријатија. Дополнително законот пропишува и услови за разрешување на членовите на управните и надзорните одбор на јавните претпријатија, ги зајакнува критериумите за членови на управни и надзорни одбори, го намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, како и утврдува профил на лица кои можат да бидат членови на управни и на надзорни одбори.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 31.03.2021 – 01.05.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико