Правдико

   

Ќе се воведува нов додаток за образование, за деца од училишна возраст

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Република Северна Македонија заштитата на децата како област е уредена со Законот за заштита на децата .

Потребата од донесување на Закон за изменување и  дополнување на Законот за заштита на децата произлезе пред се од потребата од реформа на правата за заштита на децата.

Со Законот за заштита на децата пристапот до правата за заштита на децата пред се на правото за детски додаток е ограничен за деца на одредена таргет група-пред се на  вработени родители, деца од семејства со ниски примања, невработените не се опфатени со користење на правата од заштита на децата. Еднократната парична помош се обезбедува само за првородено дете. Со овој  Закон  не е регулирано за децата од основно и средно образование правото на додаток за образование, за деца од семејства со ниски примања.

Реформата на правата на парична помош за заштита на децата (детска заштита) е насочена кон зголемување на пристапот до правото на детски додаток, поправично остварување на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) во зависносност од материјалната состојба, пред се за мајки од домаќинства со ниски примања, со прогресивно зголемување на износот на средствата за прво и второ дете како и на насочување на партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца кон заштита на самохраните родители корисници на гарантирана минимална помош кои имаат згрижено деца во јавните установи за деца-детски градинки, како и со воведување на ново право како право од заштита на децата – право на додаток за образование, за деца од училишна возраст (во основно и средно училиште) од семејства  со ниски примања  и  за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Зголемувањето на пристапот до правото на детски додаток за деца од домакинства/семејства со ниски примања и на приматели на гарантирана минимална помош  како и  со зголемувањето на  опфатот  на деца од училишна возраст со вклучување покрај на деца редовни ученици во средно образование и на деца редовни ученици во основно образование, е во функција пред се на намалување на детската сиромаштија.

Со Законот неефикасно е уреден системот на лиценцирање во делот на обновување и продолжување на лиценците за работа во установите за деца. Нецелосно е воспоставен  систем на вработување и на кариерен развој на стручен кадар во установи за деца, неуреден систем на плати на кадарот во јавни установи за деца во Законот.

Предложеното изменување и дополнување на Законот за заштита на децата е со цел и за подобрување на системот на вработување,  на кариерен развој, на плати, како и поедноставување на постапката за обновување и продолжување на лиценците за работа.

Се врши усогласување и на одредбите за дискриминација согласно одредбите од  Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и  согласно препораките за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Се интервенира и во одредби од Законот од неговата имплементација  со цел допрецизирање на одредени одредби  во функција на овозможување на негова примена како и интервенирање од технички карактер.

Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата ги содржат  следниве решенија :

– се овозможува зголемување на пристапот до правото на детски додаток за деца од домакинства/семејства со ниски примања и на приматели на гарантирана минималена помош. Се  воведува ново право како право од заштита на децата – право на  додаток за образование, за деца од училишна возраст (во основно и средно училиште) од семејства  со ниски примања  и  за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Остварувањето на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) да е во зависносност од материјалната состојба, пред се за мајки од домаќинства со ниски примања, остварување на правото на еднократна парична помош за новороднче се предлага и за второ дете со прогресивно зголемување на износот на средствата за второ дете како и на насочување на партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца кон заштита на самохраните родители корисници на гарантиран минимален приход кои имаат згрижено деца во јавните установи за деца-детски градинки. Зголемувањето на пристапот до правото на детски додаток за деца од домакинства/семејства со ниски примања и приматели на гарантирана минималена помош како и со зголемувањето на  опфатот  на деца од училишна возраст со вклучување покрај на деца редовни ученици во средно образование и на деца редовни ученици во основно образование, е во функција пред се на намалување на детската сиромаштија.

– се подобрува  системот на вработување,  на кариерен развој, на плати, како  и  поедноставување на постапката за обновување и продолжување на лиценците за работа.

-се врши усогласување и на одредбите за дискриминација согласно одредбите од  Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и  согласно препораките за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

– во преодните и завршните одредби се уредува начинот на водење на започнатите постапки, на стекнатите права, се уредува продолжувањето на работа на кадарот во јавните установи за деца како и влегувањето во сила на Законот.

– се интервенира во одредби од Законот од неговата имплементација.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико