Ќе се воведува нов орден за одликување – Света Мајка Тереза
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за одликувања и признанија на Република Македонија се утврдуваат одликувањата и признанијата на Република Македонија и се уредува постапката за нивно доделување, правата и должностите на носителите на одликувањата и признанијата, како и други прашања од значење за одликувањата и признанијата. Со Предлог – законот за одликувања и признанија на Република Македонија се предвидува нов орден кој го доделува Република Македонија, орденот Света Мајка Тереза.
Орденот Света Мајка Тереза ќе биде орден на Република Македонија кој се доделува за промовирање на хуманоста, милосрдието и добротворноста на локално, регионално и глобално ниво.
Орденот ќе се доделува на лица за особени достигнувања во ширењето на хуманоста, милосрдието, добротворноста, толеранцијата и соживотот кои даваат хуман придонес преку помагањето на болните, гладните, сираците, напуштените, луѓето отфрлени од општеството, обесправените, сиромашните, угнетените, бездомниците, бегалците, лица со особен социјален ризик и лица од други ранливи категории на локално, регионално и глобално ниво
Иницијативата за одликувањето ќе ја поднесува Комисија, која ја назначува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Комисијата ќе биде составена од седум члена и тоа:
1. Министерот за надворешни работи;
2. Претставник на Католичката црква, на предлог на Католичката црква во Република Македонија;
3. Два члена државјани на Република Македонија со висок авторитет, по еден на предлог на претседателот на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите;
4. Три члена државјани на странски држави со висок авторитет на предлог на Министерството за надворешни работи.
Предлог за покренување на иницијатива за одликување до Комисијата ќе може да поднесе секое домашно и странско физичко и правно лице.
Предлог измените Законот за одликувања и признанија на РМ превземете го ТУКА