Правдико

   

Ќе се вршат измени во Законот за финансиска дисциплина

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина ќе се врши натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ.

Надзорот над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дициплина кај економските оператори од приватниот сектор го врши Управата за јавни приходи, која е надлежна за утврдување, контрола и наплата на даноци или јавни давачки. Постапката за надзор над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола и со истата не се утврдува данок или јавна давачка.

Целта на измените е со предложената измена да се изврши натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ, во делот на презицирање дека условите од договорот не се значително неправедни и нефер кон доверителот, како и во делот на надоместокот за доцнење при исполнување на парични обврски.

Надзорот над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дициплина кај економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи ќе се пренесува на Државниот пазарен инспекторат.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:04/12/2018 – 31/12/2018

Партнери на Правдико