Ќе се вршат измени во Законот за полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за полиција, како резултат на неговата досегашна практична имплементација, а со цел нивно допрецизирање, усогласување со закони донесени во периодот по донесување на основниот текст на Законот за полиција, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.
Со законот чие донесување се предлага, се пристапи кон ревидирање на одредени решенија содржани во Законот за полиција што се однесуваат на начинот на преземање на одредени полициски овластувања, водење на евиденциите во Полицијата, усогласување со Законот за прекршоците (,,Службен весник на РМ“ бр. 124/15), како и содржинско односно нормативно-правно подобрување на текстот на законот.
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија во правец на нивно унапредување и усогласување со прописи донесени по донесувањето на основниот текст на Законот за полиција. Во тоа се состојат и придобивките од предложените решенија, како соодветно и прецизно нормирање на законските решенија за предметните прашања, што би овозможило доследна практична имплементација на предметните одредби од Законот за полиција.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:01/08/2017 – 25/09/2017