Ќе се врши отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување | Правдико

Правдико

   

Ќе се врши отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Предлогот на Законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување поблиску се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на обврските за придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување кои настанале заклучно со обврските по овој основ за месец декември 2008 година, како и на обврските за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале почнувајќи од платата за месец јануари 2009 година, заклучно со месец декември 2014 година.

Согласно  овој закон, правото на отпишување на камати по наведените обврски се остварува врз основа на поднесено барање од страна на обврзникот за придонеси – работодавач и самовработено лице до надлежниот орган кој ја спроведува постапката. Се предвидува право на целосно отпишување на камати за придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување кои настанале заклучно со обврските по овој основ за месец декември 2008 година.

Услов за остварување на ова право е уплатата на придонесите, кои претставуваат главен долг, да се изврши најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесување на барањето. доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и/или здравствено осигуурвање изнесува до десет милиони денари и до 24 месеци од денот на поднесувањето на барањето, доколку утврдениот износ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и/или здравствено оисгурување изнесува над десет милиони денари.

Постапката по барањето за отпис на камати по овој основ, ја спроведува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија ,односно Фондот за здравствено осигурување на Македонија врз основа на поднесено Барање најдоцна до 31 септември 2015 година. По барањето за отпис на камати по основ на неисплатени придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале почнувајќи од платата за месец јануари 2009 година, заклучно со платата за месец декември 2014 година, постапува Управата за јавни приходи.

Од 1 јануари 2009 година Управата има проширена надлежност во однос на наплатата на социјалните придонеси и споредните давачки кои произлегуваат од обврската за плаќање на истите и оттаму, во овој предлог на закон предвидена е надлежност за Управата и во делот отпишување на камати по долгови за придонеси од задолжително социјално осигурување настанати од 2009 година наваму.

Во однос на каматите кои настанале по овој основ во наведениот период, со овој Предлог на закон се предвидуваа можност на целосно односно 70% ослободување на каматата, под услов главниот долг се плати во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето. Понатаму, се дава можност за 50% отпис на каматата доколку уплатата на главниот долг се изврши во рок од 24 месеци од денот на поднесување на барањето. За целиот период, обврзникот за придонеси треба да обезбеди редовно исполнување на доспеаните тековни обврски.

Исто така се, дава можност правото на отпишување на камати по основ на обврските од овој закон, да може да се искористи и во случај кога веќе тече постапка на одложено плаќање, судска постапка или постапка на присилна наплата за настанатите камати. Во тој случај, се предвидува дека надлежниот орган кој води постапка за одложено плаќање или постапка на присилна наплата и истата ќе ја запре и ќе овозможи подносителот на барањето да ги оствари правата кои произлегуваат од овој закон.

Управата за јавни приходи поведува постапка за наплата на долгот, во случај обврзникот за пресметка и уплата на придонеси не ги пресметува и уплатува тековните обврски а има поднесено барање за отпис на камата за период од 1.1.2009 година до 31 12.2014 година. Утврдувањето на правото за отпишување на камата, согласно со членот 7 од Предлог Законот, се врши со донесување на решение од страна на надлежниот орган кој ја спроведува постапката односно Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија или Управата за јавни приходи. Со членот 8 се уредува дека на постапката за остварување на правата утврдени со овој закон соодветно се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико