Ќе се врши ревидирање на конкретни одредби во Законот за оружјето
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за оружјето, техничко-терминолошки прецизирања во определени одредби од законот, надминување на практичните проблеми со кои се соочуваат надлежните служби на Министерството за внатрешни работи, како резултат на неговата досегашна практична имплементација, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи надминување на практичните проблеми со кои се соочуваат надлежните служби на Министерството за внатрешни работи, како резултат на неговата досегашна практична имплементација, како и содржинско и нормативно-правно допрецизирање на определени законски решенија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот: 31/10/2017 – 05/11/2017