Ќе се заоструваат критериумите за поддршка на филмски проекти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законoт за филмската дејност донесен во 2013 година се уредуваат клучните прашања за начинот, условите и постапката за финансирање и вршење на филмската дејност.
Во Законот се содржани и одредби за поттикнување на реализирањето на филмски продукции со средства кои се обезбедени од други извори на финансирање. Имајќи го во предвид досегашното искуство во работата и функционирањето на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, странските компаративни искуства, како и предлозите за изменување на Законот, доставени од филмските професионалци, се утврди потребата од изменување на Законот за филмската дејност.
Со измените на Законот, ќе се воведат построги критериуми за поддршка на филмски проекти, со што ќе се овозможи поквалитетна селекција и поддршка на најдобрите проекти. Исто така, со измените ќе се изврши подобрување и на одредбите за раководење и управување со Агенцијата, одредбите за финансирање на проекти од национален интерес за филмската дејност и на одредбите за поттикнување на вложување на средства во филмски односно телевизиски проект.
Целта на предложениот закон е подобрување на законските решенија од постојниот Закон за филмската дејност, во насока на создавање на нормативни предуслови за непречено и поквалитетно остварување на филмската дејност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:30/09/2019 – 31/10/2019