Ќе се заоструваат условите за вработените во автошколите и испитните центри | Правдико

Правдико

   

Ќе се заоструваат условите за вработените во автошколите и испитните центри

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

instruktorВо новиот предлог Закон за за безбедност на сообраќајот на патиштата во Главата ,,VI. Кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центи и возачки дозволи“, се уредуваат прашањата сврзани со условите за управување со моторно возило, автошколите, испитните центри, полагањето на стручен испит за вршење работи во автошкола и испитен центар и на испит за возач-инструктор,  услови за стекнување право на управување со возило, полагање на возачки испит на кандидат за возач, возачки дозволи и здравствениот преглед на кандидат за возач и возач.

Имено, во однос на условите за управување со моторно возило, предвидено е со моторно возило во собраќајот на пат, да може самостојно да управува само лице кое има важечка возачка дозвола, странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола.

Се предвидуваат повисоки услови и страндарди кои треба да ги исполнуваат вработените во автошколите и испитните центри и тоа: стручниот раководител, предавач по наставна програма (теоретски дел) и возач-инструктор во автошколата, раководителот, контролорот, претседателот на испитна комисија, испитувачот по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувачот по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитниот центар.

Исто така, за наведената категорија на работници во автошколите односно испитните центри се воведени и лиценци и тоа: лиценца за предавач по наставна програма (теоретски дел) во автошкола и лиценца за возач-инструктор во автошкола, како и лиценца за контролор, лиценца за испитувач по наставна програма сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и лиценца за испитувач по наставна програма управување со возило (практичен дел) во испитен центар. Истовремено се превидени и основи за одземање на лиценци за наведените категории на работници, како одземање на лиценцата на автошколата и испитниот центар.

Воведена е целосна постапка за спроведување на стручен испит со предвидување на комисии за полагање, комисија за верификација на прашања и комисија за ревизија за  електронскиот начин  на полагање на стручен испит за предавач и возач-инструктор во автошколата, контролор, испитувач по наставна програма од сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма од управување со возило (практичен дел) во испитен центар.

Целта на воведување на овие одредби е подобрување на процесот на обука на кандидати за возачи и поквалитетно и објективно спроведување на возачкиот испит, а од друга страна и воспоставување на индивидуална одговорност на стручните лица во автошколите и испитните центри со цел превенирање и спречување на можни злоупотреби.

Условите за стручен раководител и контролор во испитен центар врз основа на извршена анализа е утврдено дека во испитните центри не може да се исполнат условите во поглед на „возачки дозволи“ за сите категории, туку само со исполнување на условот возачка дозвола за возач-инструктор, од причини што не можат да се обезбедат стручни раководители и контролори ќе се појави застој во работата на испитните центри. Со оглед на тоа што за секоја категорија потребно е да измине проток на определено време од три години, за да може да се стекне со полагање од повисоката категорија, додека кај директно вклучените субјекти во испитниот процес (претседател и членови на испитна комисија) нема никакви промени.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико